Синнер го декласираше Ѓоковиќ и закажа спектакл со Алкараз во финалето на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Вимблдон откако во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4).

Во натпревар кој со нетрпение се очекуваше, Синнер го наметна својот ритам од самиот почеток и целосно доминираше, исто како што направи неодамна во полуфиналето на Ролан Гарос.

Тој го реши првиот сет во своја корист со убедливи 6:3, правејќи дабл брејк и целосно исфрлајќи го Ѓоковиќ од ритам.

Вториот сет не донесе никаква промена на сликата на теренот – италијанскиот ас продолжи да доминира, додека седумкратниот шампион како да немаше идеи и конкретен одговор, а вториот сет му припадна на Синнер со 6:3.

Ѓоковиќ се обиде да одговори во третиот сет, дури побара и медицински тајм-аут, а потоа се врати порешително. Брзо поведе со 3:0, но Синнер се врати на импресивен начин. Израмни пет последователни гема и ја заврши работата со 6:4.

Со оваа победа, Синер ја продолжи доминацијата над Ѓоковиќ, против кого врза пет последователни победи во меѓусебните дуели и сега води со 6:4, а го освои и своето прво финале на Вимблдон.

Во неделното финале, Синнер ќе игра против Карлос Алкараз, кој претходно денес го победи Тејлор Фриц со 3:1 во сетови.

Ѓоковиќ – Синнер (0:2) 3:6: Бруталната доминација на Синнер беше потврдена со освојувањето на вториот сет. Ѓоковиќ, верувале или не, освои само шест поени на свој сервис во првите два сета.

Синнер влегува во дуелот против Ѓоковиќ со предност од 5:4 во меѓусебните средби, од кои има добиено четири последователни натпревари.

Победникот ќе игра во финалето против Карлос Алкараз, кој го победи Тејлор Фриц со 3:1 во сетови.