Хаиме Адријан Контрерас (39) од Тексас е обвинет дека го убил својот татко Виктор Џерард Контрерас (74), така што му го пресекол грлото, а потоа го распарлил и го оставил да умре во Ел Пасо, Тексас.
Полицијата го пронашла искасапеното тело минатиот викенд само два дена по грозоморното убиство, откако синот и братот на убиецот повикале полиција.
Седум дена не се чул со татко му, а кога отишол во куќата видел отворен прозорец и почувствувал смрдеа на расипано месо.
Контрерас е во затвор со кауција одредена од 2 милиони долари. Тој бил убеден дека неговиот несреќен татко е вонземјанин и побарал од него да му ги даде своите овластувања.
Контрерас тврди дека вонземјанинот го презел телото на неговиот татко и се обидувал да ги собере неговите органи. Полицијата откри дека таткото и синот се расправале пред грозоморното убиство и дека Контрерас еднаш го нападнал таткото.
На 5 април полицијата добила пријава дека Контрерас го нападнал својот татко со чекан. Полицијата реагирала на пријавата и истражувала и открила дека Контрерас му се заканувал на таткото и тврдел дека ги убил неговите миленици, иако не откриле кои се животните. Полицијата разговарала со таткото и синот и констатирала дека нема инцидент. Таа одлука подоцна ќе се покаже како фатална.
Трагично, никој не реагираше на очигледните знаци на психичко растројство и лудило на 39-годишникот. Имено, судските документи од 2023 година откриле дека Контрерас бил вмешан во два бизарни инциденти. Така еднаш се шеташе низ маалото со отсечена глава на зајак.
Откриено е и дека доживеал нервен слом бидејќи неговиот татко наводно е вонземјанин.