СИНОТ НА БРЕНА ЖИВЕЕ ВО СТАН ОД 700.000 ЕВРА: Глетката од 40-ти кат на зградата е како од филмови, а допрва треба да ја видите внатрешноста на луксузниот дом

Тука живее Виктор Живојиновиќ

Виктор Живојиновиќ , помладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ , отсекогаш бил во центарот на медиумското внимание каде и да се појави, поради популарноста на неговите родители.

Тој постојано потенцираше дека тоа не му се допаѓа, особено денес кога пораснал и созреал, а ретко се појавува во медиумите и на јавни настани.

Тој пред извесно време се иселил од луксузната вила на Бежаниска коса каде дотогаш живеел со семејството и се вселил во сопствениот стан.

Како што пишуваа тогаш медиумите, Брена и Боба на Виктор му купиле стан од 140 квадрати во Нов Белград, а за него платиле дури 700.000 евра.

Виктор во една прилика најпрвин на својот Инстаграм објави нереална глетка од 40-ти кат, а посебен акцент беше ставен на зајдисонцето.

Најмладиот Живојиновиќ покажа и дел од луксузно опремениот дом, како и дел од дневната соба која е украсена со уметнички дела, скап мебел и ѕид кој е целосно во прозорецот.