Во текот на утрото се појавија информации за тоа како синот на легендарната двојка уметничко лизгање Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, Максим Наумов (23), бил меѓу патниците во авионот на смртта во Вашингтон.
Меѓутоа, сега еден по еден се огласија луѓето да кажат дека тоа не е вистина, и дека не патувале со авион.
Пријателот на Наумов, лизгачот Антон Спиридонов, изјави дека тој ја напуштил Вичита пред четири дена и дека Наумов бил со него на летот.
– Не бев на тој лет. Луѓе што ги познавав, мислам дека беа. Тој (Наумов) беше со мене на аеродромот, во исто време минуваше низ обезбедувањето – рече Спиридонов.