Синот на Софија Лорен се ожени на 57 години! Премина во христијанство, свадба како од бајка

Синот на италијанската актерка Софија Лорен, диригентот Карло Понти (57), се ожени со грузиската фитнес инструкторка Маријам Шарманашвили , објави грузискиот весник „Амбеби“.

Церемонијата се одржа во манастирот Самтавро во градот Мчета, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Грузиската пејачка Тамар Ивери објави видео од свадбената церемонија на својата Фејсбук страница, на кое се гледа како двојката се приближува кон олтарот во традиционална грузиска облека.

Црковниот хор пее во позадина, додека венчавката носи круни.

Според грузискиот весник, Понти (57), кој е 20 години постар од својата сопруга, се преобратил во православие пред свадбата.

Вториот дел од свадбата треба да се одржи во септември во Женева, каде што двојката го закажа официјалниот чин на венчавката, а на оваа церемонија ќе присуствува и Софија Лорен, која минатиот септември наполни 90 години.