Пред точно пет години Драгослав Јовановиќ (25), синот на Љубомир Јовановиќ, попознат по прекарот Стаклени, кој беше познат сурчински криминалец, брутално мачеше и уби три лица – Неѓо Шубара (42), неговата мајка Даринка Шубара (75) и неговата тетка Миља Петковиќ (80).
Јовановиќ на Неѓо Шубара, кој му бил деловен соработник, му подарил стан во Белград, а овој пак му дал автомобил мерцедес и му останал должен за остатокот од парите за станот.
Шубара со месеци не го платил тој долг кон Јовановиќ, поради што тој ноќта упаднал во станот во кој било семејството на Шубара и мачел него и двете постари жени, а со него биле уште тројца помошници. Откако ги убил ги фрлил нивните тела во септичка јама на парцелата во сопственост на неговиот татко Љубомир Јовановиќ.
Телата биле пронајдени во септичка јама свртени со лицата кон водата, а околу вратот на убиената Даринка било обвиткано јаже, на кое на другиот крај бил врзан бетонски блок.
Телата биле во напредна фаза на распаѓање.
Поради помагање, уапсени се три лица: Милош С, Лазар Д и Никола Ц.
За соучесништво е уапсен Милош С., за помагање во тоа тешко кривично дело Лазар Д., а Никола Ч. е уапсен бидејќи му помогнал на сторителот по убиството.
Пукал во сопругата која го пријавила
Драгослав Јовановиќ се самоуби откако пукал во сопругата Теодора Јовановиќ на сред улица во блокот 45 во Нов Белград пред нивното единаесетмесечно дете кое било во количка.
Мислејќи дека ја убил сопругата побегнал низ паркот, но полицаецот кој бил во близина на злосторството почнал да го брка, а Јовановиќ панично си пукал во главата. По четири дена починал од повредите.
Ранетата Теодора се здобила со три прострелни рани – две во градниот кош и една во раката.
Како што пишуваа медиумите, Јовановиќ ја застрелал сопругата затоа што два месеци претходно го пријавила за семејно насилство и го оставила. Таа се преселила да живее со нејзините родители и со детето. Дури по злосторството било откриено дека таа со години трпела мачење и тепање.
Работничка во пералницата го разоткри злосторството
Дека Јовановиќ е поврзан со тројното убиство, на полицијата и открила работничка во перална на која Јовановиќ и рекол „да ја држи устата затворена “.
Во неговиот автомобил видела локви крв, а пронајден е и мобилниот телефон на исчезнатиот Неѓо Шубара.