Синот на Шумахер ја објави најтажната фотографија: Светот, гледа и плаче – работите никогаш повеќе нема да бидат исти! (фото)

Синот на Шумахер објави семејна фотографија, но многумина не пропуштија да забележат дека на неа го нема неговиот татко.

Мик Шумахер на својот Инстаграм профил објави фотографија која е прогласена за „најтажната фотографија на Божиќ“, бидејќи на сликата го нема неговиот татко, најпопуларниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер. Во центарот на вниманието беше фотографијата на Мик Шумахер со неговата мајка Корина и сестрата Џина Марија, а шампионот не беше со нив.

Оваа фотографија ја растажи јавноста бидејќи веднаш под сликата имаше коментари: „Михаел го нема“, „Зошто не е Михаел со тебе“, „Ова е многу тажно“, ова се само дел од илјадниците коментари кои се наредени под семејната фотографија.

Некои фанови мислеа дека можеби Шумахер е тој што ја сликал, но тоа е тешко веројатно.

Михаел Шумахер доживеа страшна несреќа по несреќниот пад во кој удри со глава во карпа додека скијаше во Франција во 2013 година.

По несреќата Германецот осум месеци беше во индуцирана кома, а потоа следната година беше пуштен на домашно лекување.

Семејството Шумахер се повлече од јавноста, го ограничи пристапот до нивниот дом во Швајцарија и оттогаш не се знае состојбата на седумкратниот светски шампион во Формула 1.