Голем пожар вчера вечерта ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадар. За гаснење на пожарот интервенирале пожарникари од противпожарната служба во Кавадар, со екипи на „Комуналец“, како и екипи од Велес и Неготина.
Пожарот бил локализиран во 01:30 часот, но екипа останала на терен да ја следи состојбата.
Градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала кај 30 пожарникари.
„Ником“ е фабрика за производство на дрвена амбалажа од сите видови димензии, како и производство на пелети. Има и фрижидер за чување земјоделски производи.