Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше снимен како лежерно го прави своето секојдневно пазарување, а фотографијата, како што се очекуваше, стана вирална.
Без оглед на фактот дека е глобална спортска ѕвезда, Ѓоковиќ се појави во продавница облечен сосема обично, што секако е глетка што не се очекува и не се гледа често.
Во едноставна маица и шорцеви, со апостолки на нозете, тој уште еднаш покажа колку е приземен и близок до обичните луѓе.
Неговото присуство предизвика изненадување и воодушевување кај присутните, а многумина сакаа да се фотографираат со него или да си направат спомен од средбата со него.
El muchacho de compras por el súper. pic.twitter.com/YEXnULi5Lx
— 🧚🏻 (@macadjokov1c) July 20, 2025
Новак остана насмеан и пристапен, потврдувајќи зошто ужива голем углед не само поради своите спортски успеси, туку и поради својата скромност и природност.
Инаку, денес стигна вест дека Ѓоковиќ ќе го пропушти претстојниот Мастерс во Торонто, а истото го најавија и Јаник Синер и Карлос Алкараз, сè со цел да го чекаат настапот на Отвореното првенство на САД што е можно поодморен.