– Сирискиот претседател Башар Асад пристигна во саудискиот град Џеда за да учествува на утрешниот самит на Арапската лига, соопшти сириската државна телевизија.
Ријад го покани Асад на состанокот откако арапските држави се согласија да го вратат полноправното членство на Сирија во Лигата по 12-годишен прекин. Членството на Сирија беше суспендирано по задушувањето на протестите против владеењето на Асад во март 2011 година, кое прерасна во граѓанска војна.