Новиот сириски претседател Ахмед ал Шара вели дека верува оти планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците и преземање на Појасот Газа е „сериозно злосторство што на крајот ќе пропадне“.
Трамп рече дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски откако Палестинците ќе бидат преместени на друго место и дека Палестинците нема да имаат право да се вратат во Газа.
Една од неговите пораки е дека планот на Трамп нема да успее.
„Повеќе од 80 години од овој конфликт, сите обиди за нивно раселување пропаднаа, оние кои заминаа зажалија за својата одлука. Палестинската лекција научена од секоја генерација е важноста да се чува нивната земја“, додава тој.
На изјавата на Трамп реагираше и високиот функционер на Хамас, Калил Ал Хаја, кој рече дека таквите планови се „осудени на неуспех“.
„Нашата акција ја обедини крвта на мачениците. Нашата крв се измеша со крвта на мачениците во Либан, Ирак, Јемен и Иран. Нашето ветување е дека палестинскиот народ никогаш нема да заборави кој ги поддржувал и се борел со нив“, изјави претставник на Хамас.