Сириската противвоздушна одбрана соопшти дека денеска се соочила со израелски ракетен напад врз централните делови на земјата и ги соборила повеќето ракети, пренесуваат сириски државни медиуми.
Во соопштението на Армијата се наведува дека ракетите, кои прелетале над делови на либанскиот главен град Бејрут, погодиле области во близина на Хомс, предизвикувајќи само материјална штета.