Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот производител на луксузни стоки LVMH, Бернар Арно, изгубил 10,39 милијарди евра за еден ден, пишуваат странските медиуми.
Според извештаите, Бернар Арно го загубил овој „износ“ во вторникот по значителниот пад на цените на акциите.
Берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи.
Акциите на компанијата Louis Vitton паднаа за 5,0 отсто, а на компанијата Kering, сопственик на модниот бренд Gucci, за 2,97 отсто.
Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузни стоки во САД.
Бернард Арно и понатаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра.
Разликата меѓу него и вториот најбогат човек во светот, сопственикот на компанијата Тесла и социјалната мрежа Твитер, Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.