Со помош на само две едноставни состојки од кујната, направете старомоден сируп кој ќе го смири иритираното грло и ќе го олесни дишењето. Идеален е за борба против кашлица и насобран секрет.
Кашлицата е чест придружник на настинки и респираторни инфекции .
Овој старински рецепт за сируп од виолетов кромид и мед (или шеќер) се користи со децении за смирување на грлото и чистење на слузта од дишните патишта.
Подготовката е брза и лесна, а потребните состојки се веќе во вашата кујна!
Состојки:
- 2 главици виолетов кромид
- 4 супени лажици мед (или 6 лажици шеќер)
Подготовка:
Кромидот се сече на помали парчиња и се става во теглата слој по слој, заедно со шеќерот. Оставете ја теглата во фрижидер преку ноќ за да се раствори шеќерот и да се извлечат лековитите состојки од кромидот.
После тоа, процедете ја течноста преку цедалка или газа. Сирупот се пие со земање по една лажица неколку пати на ден, а важно е да се чува во фрижидер за да не почне да ферментира на собна температура.
Овој сируп е достапен и широко користен во нашата традиција, а се пренесува од колено на колено.