На Новак Ѓоковиќ во финалето, но и во текот на целиот турнир од трибините го бодреше неговата сопруга Јелена.
Јелена изминативе денови беше предмет на јавноста речиси исто како и нејзиниот сопруг, бидејќи од меч во меч на трибините се појавуваше во сè поубаво и подобро издание.
Нема сомнеж дека Јелена како што старее станува сè поубава, а плени со елегантни комбинации.
Така е и на финалето, а покрај облеката која изгледа скапо и одлично и’ стои, Јелена се одлучи за дискретна шминка, фризура која го истакнува лицето и вратот, носи крст околу вратот и наочари.
Освен по изгледот, Јелена беше забележана и по нејзините реакции и деликатните моменти од натпреварите.
Јелена повремено правеше суптилни гримаси, но во ниту еден момент не ја премина границата на добриот вкус.