Денот на венчавката е еден од најважните денови во животот на секој човек, а младоженецот без сомнение решил максимално да ужива во него.
Имено, видео од свадба во Турција стана вирално на TikTok, а младенците за својот танц избраа исклучително брза песна.
Меѓутоа, наместо сите да гледаат во невестата, младоженецот „го украде шоуто“. Неговата кореографија изненади многумина, а коментарите под видеото кое го погледнаа над 3 милиони луѓе, само продолжија да доаѓаат.
„Цел живот го чека овој момент“, „Ако мојата свадба не изгледа вака, не сакам да се мажам“, „Хахах тој ја има целата кореографија“, „Тој ја има главната улога“, Сакам мојот иден сопруг да танцува вака“, напишале тие се воодушевени корисници на оваа социјална мрежа.
Како изгледаше сè, можете да видите во видеото подолу