СИТЕ ДЕТАЛИ ОД ПУКАЊЕТО НА МИТИНГОТ НА ТРАМП: Го тргнаа од бината крвав, НАПАЃАЧОТ УБИЕН! Еве што знаеме досега за ХАОСОТ ВО АМЕРИКА (ФОТО/ВИДЕО)

Во американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп беше пукано за време на предизборен митинг во градот Батлер, Пенсилванија.

„Вашингтон пост“ објави дека напаѓачот и маж што присуствувал на собирот биле убиени , цитирајќи го локалното обвинителство. Уште едно лице е во тешка состојба.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно се гледа како полицијата го вади телото на напаѓачот.

Напаѓачот бил убиен од тајната служба, а по првичните шпекулации дали станува збор за обид за атентат или за конфликт меѓу присутните на собирот, АП објави дека два анонимни извори од полицијата изјавиле дека инцидентот се истражува како обид за атентат.

Во Трамп беше пукано додека држеше говор за илегалната имиграција за време на мандатот на Бајден.

– Најлошиот претседател во историјата на нашата земја ја презеде власта, а погледнете што се случи. Веројатно 20 милиони луѓе илегално влегле во земјата. И, знаете, тоа се малку застарени податоци, оваа табела е стара неколку месеци. Погледнете што се случи… – рече Трамп кога одекнаа истрелите.

Тој одеднаш беше опкружен од агенти на тајната служба , кои го извлекоа од бината додека Трамп пркосно се гледа со крваво лице. Во тој момент имаше овации во толпата.

Републиканскиот кандидат за Сенатот Дејвид Мекормик седеше во првиот ред и му изјави на Политико дека мислел дека некој зад него бил застрелан.

– Одеднаш се слушна истрел. Некој зад мене беше застрелан. Имаше многу крв, а потоа агенти на Тајната служба скокнаа врз претседателот Трамп – рече тој.

АП објави дека по инцидентот разговарале од штабот на Трамп и објавиле дека тој е добро и се наоѓа во локална медицинска установа.

Американскиот претседател Џо Бајден првично, во моментот кога излегуваше од црквата во Рехобот, рече дека не знае ништо за инцидентот. Белата куќа подоцна соопшти дека тој бил информиран за деталите.

Портпаролот на тајната служба, Ентони Гуглиелми, во изјавата рече дека тие „спроведоа заштитни мерки“.

– Инцидентот се случи на 13 јули на митингот на Трамп во Пенсилванија. Тајната служба распореди заштитни мерки и поранешниот претседател е безбеден. Ова е сега активна истрага на Тајната служба и дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе станат достапни – рече Гуглиелми.

Поранешниот американски претседател доби пораки за поддршка од неговиот син Доналд Џуниор, кој на социјалната мрежа Х објави фотографија од неговиот татко со следнава порака: „ Никогаш нема да престане да се бори за спас на Америка“.

Овој инцидент со својата објава го коментираше и американскиот милијардер Илон Маск, кој напиша дека целосно го поддржува „претседателот Трамп и се надева дека брзо ќе закрепне“.