Фотографија од селото Сулошов, кое се наоѓа во Полска, станаa вистинска сензација на социјалните мрежи, а причината за тоа е што ова место се разликува од сите останати на светот – сите негови жители живеат на една улица.
Сулошов се наоѓа на 29 километри северозападно од градот Краков. Улицата околу која е групирано селото е една од најдолгите улици во Полска и се протега на околу девет километри.
Според последните информации таму живеат околу 6.000 жители.
Посебно внимание на ова село привлекоа фотографиите и видеата од птичја перспектива. Во преден план е многу долга улица околу која се групирани сите куќи.
Ова село е поврзано и со познати атракции, вклучувајќи го и Националниот парк Ојчовски и карпата наречена „Пиескова Скала“, која е најпозната по ренесансниот замок кој се наоѓа во негова непосредна близина.