Бадемите се вкусни и здрави јаткасти плодови богати со хранливи материи. Денес тие се се позастапени во редовната исхрана бидејќи можат да ги задоволат дневните потреби за повеќе видови витамини и есенцијални минерали.
Диететичарите советуваат да јадете по една рака бадеми секој ден за да ги задоволите нутритивните потреби на организмот. Како што објави Times Of India, има неколку придобивки од редовното консумирање бадеми за кои можеби не сте знаеле.
Тие се богати со антиоксиданси
Бројни студии ја покажаа важноста на антиоксидансите во заштитата на клетките од оштетување. Бадемите се еден од најбогатите извори на антиоксиданси кои го штитат нашето тело од оксидативен стрес, воспаление и стареење. За да добиеме повеќе антиоксиданси кога ги консумираме овие јаткасти плодови, диететичарите советуваат да не ја отстрануваме кожата од нив бидејќи содржи најмногу антиоксиданси.
Тие содржат големи количини на витамин Е
Витаминот Е е еден од есенцијалните витамини кој му помага на нашето срце да работи, а исто така има докажани придобивки за луѓето со Алцхајмерова болест. Според диететичарите, бадемите се богати со витамин Е, а само 28 грама бадеми наводно може да задоволат 50 отсто од дневните потреби за овој важен витамин.
Тие се богати со магнезиум
Друга хранлива материја што ги прави бадемите чудесна храна е магнезиумот. Иако ова можеби е непознато за многу луѓе, истражувањата покажаа дека магнезиумот придонесува за подобро извршување на повеќе од 200 различни функции во нашето тело. Според препораките на експертите, здрав возрасен човек треба да консумира 420 милиграми магнезиум дневно.