Сите летови на аеродромот во Сараево се откажани поради магла

Поради густата магла која синоќа предизвика намалена видливост, на меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите на Аустриан ерлајнс (Виена), Кроација ерлајнс (Загреб) и Туркиш ерлајнс (Истанбул) – потврдија од Фени од аеродромот.

Поради густата магла откажани се и утринава полетувања на истите авиокомпании.

За денеска откажани се летовите на: Флинаса (Џеда) и два лета на компанијата АјЕТ (Истанбул), соопшти Фени од меѓународниот аеродром во Сараево.

Меѓународниот аеродром во Сараево продолжува да ги следи временските услови и во соработка со авиокомпаниите ќе ги информираат патниците за можни промени во распоредот на летови.

– На патниците им се препорачува да го проверат статусот на своите летови преку официјалната веб-страница www.sia.ba или директно со своите авиокомпании пред да пристигнат на аеродромот – велат од меѓународниот аеродром во Сараево.