Таа ќе стане баба во април оваа година, но она што го привлече вниманието на многумина е тоа што има само 37 години.
Сите се сеќаваме на Андреа Саншајн , бабата која со својот изглед предизвика хаос во светот. Дека не е единствената, докажува и видеото на Misty Dawn Hite, која во април годинава ќе стане баба . Она што е интересно е што Мисти има само 37 години и го чека своето прво внуче. Видеото во кое објаснува како е тоа можно стана вирално и има повеќе од милион прегледи.
„Сите постојано прашувате како ќе станам баба “, започна таа, додавајќи дека нејзината 20-годишна ќерка Рајли е во друга состојба. „Имав 15 години кога бев бремена“, рекла Мисти и додала дека со таткото на својата ќерка почнала да излегува кога имала само 12 години .
„Тогаш цела недела ги штедев парите за ручек за да купам тест за бременост“, објаснила идната баба, која се породила во 2003 година. Следбениците беа шокирани од нејзиниот изглед кој им пркоси на годините, посочувајќи дека таа сигурно ќе биде најмладата баба на светот. Сепак, коментарите се измешани.
„Изгледаш како да имаш 22 години! Треба да ја знаеме вашата рутина за нега на кожата“, „Нема шанси да имаш повеќе од 22 години“, „Ова не е со што да се гордееш“, „Промовираш тинејџерска бременост“, Сè уште е млада за првото дете“, напишаа многумина. Погледнете како изгледа најмладата баба на светот: