Сите мислат дека сопругата на Меси е природна убавица, но овие фотографии ќе ве шокираат 

Сопругата на Меси блесна на настан во Сао Паоло, а нејзината природна убавина наведе многумина да се запрашаат – дали е таа, всушност, природна?

Антонела Рокузо , сопруга на познатиот фудбалер Лионел Меси , присуствуваше на промоција на брендот „Тифани и Ко“ во Сао Паоло.

За овој настан таа избра елегантна, но малку провокативна креација , што не и е вообичаена појава. 

Како резултат на тоа, нејзината природна убавина доживеа полн цут , што доведе многумина да се запрашаат – дали тоа е генетска лотарија или вештите раце на пластичен хирург?

На почетокот треба да се истакне дека Антонела води сметка за исхраната и се придржува до строг план и програма за тренинг. 
Тој претпочита кружен тренинг – мешавина од тренинзи со тегови, вежби со телесна тежина и кардио. 

Секогаш се истегнува пред и после физичка активност и се труди да вежба, во просек, пет дена во неделата. Што се однесува до исхраната, 
таа јаде здрава храна и многу зеленчук , но знае и како да се оддаде на слатко задоволство на крајот од работната недела.

Овој начин на живот и овозможува да остане во топ форма и по 3 породувања , но не треба да го исклучиме фактот дека повремено сака да посетува естетски хирург.

Нејзините постари објави на Инстаграм се жив доказ дека убавината на Антонела не е само дело на мајката природа , туку и на професионален хирург.

Имено, ако внимателно „прочешлате“ по фотографии од нејзините помлади денови, ќе видите дека 
сопругата на Меси имала неколку едвај видливи, но скапи процедури .

Таа пред неколку години ги немаше полните усни и сјајните заби што ги има денес, а судејќи по фотографиите, го оперирала и носот за убаво да се спои со обликот на нејзиното лице.

Во секој случај, Антонела прави сè со умереност и вкус – од начинот на облекување, шминкањето, начинот на живот.

Оваа убавица не е придружена со никакви скандали или интригантни приказни, а со славниот фудбалер е уште од тинејџерските денови.