Сите паметни луѓе ги имаат овие 3 лоши навики: Тие се показатели за натпросечна интелигенција

Некои навики што општеството ги смета за лоши всушност се поврзани со висока интелигенција.

Ако некогаш општеството ве осудувало затоа што сте неуредни, останувате будни до доцна, многу пцуете, можеби имате интелигенција над просечната. Според статија објавена во списанието „Curious Mind“, најновите психолошки истражувања покажуваат дека овие особини всушност се поврзани со развиен интелект, креативност и силен емоционален израз.

1. Неуредност – знак на креативен и интелигентен ум

Општо е прифатено мислењето дека нередот значи хаос, мрзеливост и неорганизираност. Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето кои имаат неуредни соби често покажуваат повисоко ниво на интелигенција и креативност. Кога вашиот ум е зафатен со сложени идеи, организирањето на просторот едноставно не е приоритет. Нередот, во овој случај, не е знак на небрежност, туку на слободно и оригинално размислување.

2. Доцно будење – биолошки ритам поврзан со повисок коефициент на интелигенција

Луѓето кои доцна се будат често се етикетираат како мрзливи, без оглед на тоа колку ефикасно работат во текот на денот. Но, студија објавена во списанието „Психологија денес“ открива врска помеѓу ноќниот циркадијален ритам и повисокото ниво на интелигенција. Вашиот биолошки часовник можеби едноставно работи поинаку, а тоа не е дефект, туку особина поврзана со понапредни мозочни функции.

3. Пцуење – повеќе од израз на лутина

Пцуењето има репутација за несоодветно и грубо однесување, но истражувањето од колеџот „Марист“ во Њујорк покажува дека луѓето кои пцујат почесто имаат побогат вокабулар, подобри реторички вештини и повисок коефициент на интелигенција. Пцуењето, според ова истражување, често е показател за автентичност и емоционална искреност. Таквите луѓе се преправаат помалку и ги изразуваат своите чувства поотворено.

Лошите навики не се секогаш лоши.

Иако општеството често ја осудува неуредноста, доцното будење и пцуењето, психолошките истражувања покажуваат дека овие навики се поврзани со натпросечна интелигенција, креативност и чесност, пишува „Експрес“. Наместо да се обидувате да се вклопите во очекувањата на другите луѓе, можеби треба да го прифатите она што ве прави различни бидејќи тоа можеби е она што ве прави попаметни.

@najzena.rs VEĆ NA VENČANJU SE VIDI KO ĆE SE BRZO RAZVESTI #najzena #zena #fypシ゚ #foryou #viral ♬ original sound – Najzena.rs