Сите погледи вперени во деколтето! Никол Кидман доминираше во златно тесен, светкав фустан

Сите погледи вперени во деколтето! Никол Кидман доминираше во златно тесен, светкав фустан
Никол Кидман ја доби наградата за животно дело и за таа прилика облече златен фустан, кој ја истакна нејзината прекрасна фигура.

Секоја година, Американскиот филмски институт ги почестува поединците кои придонеле за збогатување на американската култура преку филмот и телевизијата со наградата AFI. Оваа награда се доделува од 26 февруари 1973 година, а оваа година и припадна на актерката Никол Кидман .

Никол на доделувањето дојде во долг, тесен, светкав златен фустан , кој одлично ја истакна нејзината витка линија. Станува збор за бренд на Balenciaga, а фустанот имал голема наметка.

Фустанот освен тесниот струк, одлично го покажа и нејзиното деколте, кое сигурно привлече многу погледи.

Дека елеганцијата е всушност едноставност, покажува и фактот што Никол ги сведе аксесоарите на минимум, ја пушташе косата и носеше лесна шминка, што сите заедно оставаа впечаток на вистински гламур.