СИТЕ ПОГЛЕДИ ВПЕРЕНИ ВО КРЕМЉ – Путин и Си упатија јасна порака до светот: “Односите меѓу Русија и Кина се на највисоко ниво досега во историјата!“ (видео)

Започна заедничката прес-конференција на претседателот на Русија, Владимир Путин и неговиот гостин, претседателот на Кина, Си Џинпинг.

Прес-конференцијата на двајцата претседатели е во тек, а Владимир Путин посочи дека тој и Си Џинпинг потпишале изјави кои – „целосно ја одразуваат природата на руско-кинеските односи, кои се на највисоката точка во историјата на двете земји“.

Русија и Кина се поврзани со нашите добрососедски односи“, изјави Владимир Путин и продолжи:

Се разбира, нашиот главен приоритет се трговијата и економијата и тоа е сосема природно, имајќи предвид дека Кина е водечки трговски партнер на нашата земја“.

Владимир Путин тврди дека Западот се бори во Украина „до последниот човек“ и дека Москва ќе реагира на тоа доколку Велика Британија испрати муниција со осиромашен ураниум на воените сили на Киев.

Тој, исто така, додаде дека „Западот се уште не е подготвен за кинескиот мировен план за Украина“ и дека мировните предлози на Кина може да се користат како основа за решавање на конфликтот во Украина кога Киев и неговите западни сојузници ќе бидат подготвени.

Си Џинпинг посочи дека Пекинг има „непристрасна позиција“ за конфликтот во Украина и дека го поддржува мирот и дијалогот, објавува руската медиумска агенција РИА Новости. Тој изјави дека разговорите со првиот човек на Кремљ биле „отворени и пријателски“.

Двајцата лидери потпишаа серија документи за „стратешка соработка“ по, како што кажа Владимир Путин – „успешните и конструктивни разговори кои покажаа дека Кина сега е јасно најважниот економски партнер на Русија“.

Владимир ПутинвојнаКинаКремљРусијаСи ЏинпингУкраина