Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција, почина на 1-ви март по долга борба со тешката болест, оставајќи зад себе неизбришлива трага во музичката индустрија. Неговото заминување шокираше многумина – колеги, соработници и публиката која со години ја следеше неговата работа. Иако веста за неговата смрт донесе тага, неговиот дух живее преку шоуто „Ѕвездите на Гранд“, кое тој самиот го смисли и го обликуваше. По кратка пауза, снимањето продолжи, а екипата на шоуто реши да му оддаде посебна почит. Како што откри водителот Милан Митровиќ, во чест на Поповиќ ќе биде изведена песна со посебно значење.
Се претпоставува дека тоа ќе биде „Rode će se opet vratiti“ – последната песна што ја компонираше Поповиќ, а која ја изведе Гранд квартет во состав Немања Стевановиќ, Милан Динчиќ, Милан Станковиќ и Душан Свилар, а оваа песна сега доби уште подлабока емотивна димензија.
Динча објави фотографија од студиото на Гранд во Кошутњак, каде го гледаме во друштво на неговите колеги Немања и Душан.
– 18 години подоцна. Пред точно 18 години снимивме песна компонирана од Саша Поповиќ, „Rode ce se opet vratiti“. Се чини дека дури сега добива целосна смисла, кога некој ни драг привремено ќе го напушти овој живот – напиша Динчиќ.
– Убаво е да се видат драги колеги после долго време. Се потсетивме на убавите моменти од нашите почетоци. Гледајте нè наскоро на Гранд во „Ѕвездите на Гранд“ – сподели Милан Динчиќ.
Она што многумина го забележаа е дека Милан Станковиќ, кој беше со нив во нивната генерација и го сочинуваше четвртиот дел од квартетот, го нема на фотографијата.