Откако младата српска пејачка Теодора Џехверовиќ раскина со кошаркарот Нино Челебиќ, нејзините обожаватели, но и оние кои не се, ги заинтригира дали пејачката си најде ново момче.
Теодора не го објави јавно раскинувањето со Челебиќ, а сега многумина ги заинтригира љубовниот живот на пејачката по својата последна објава на социјалните мрежи.
Имено, Џехверовиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии и видеа во кои вели:
„Дали сум опседната со тебе ? Да, сум, опседната сум со тебе“.
Теодора се сликала како лежи во кревет во црна спортска облека и со горенаведените зборови. Нејзините обожаватели се прашуваат дали пејачката се уште е слободна девојка или можеби има ново момле.