Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека многу луѓе ширум светот се прашуваат и шпекулираат зошто Унгарија е избрана за место за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин , и дека одговорот е едноставен – Унгарија е единствената во Европа што е на патот на мирот .
Фидес никогаш не држел лекции никому, ниту кога бил на власт, ниту кога бил во опозиција, напиша Орбан на Фејсбук, пренесува MTI.
„Никогаш не сме ги затвориле каналите за преговори“, истакна тој.
Тој рече дека е тешко да се убеди некого во нешто ако не се разговара со него.
„И најважно од сè, со години постојано и упорно стоиме на страната на мирот. Соработка наместо конфронтација, меѓусебно почитување наместо стигматизација. Тоа е патот кон мирот“, рече Орбан.
Тој нагласи дека Унгарија сега е земја во Европа каде што постои сериозна шанса преговорите меѓу САД и Русија на крајот да доведат до мир и каде што дури и европските перспективи би можеле да преовладаат.
„Брисел можеби се изолираше, но ние ќе продолжиме да преговараме“, додаде тој.