Хејли Бибер во мај за „The Sunday Times“ изјави дека би сакала да ја исполни својата улога на мајка, но дека многу се плаши. Хејли истакна дека е тешко да се поднесуваат негативни коментари за неа и на сметката на Џастин и дека не знае како ќе се снајде доколку поединци во негативен контекст коментираат за нивното дете .
– Буквално плачам без престан кога ќе се спомне тоа (бременоста), а многу сакам деца. Луѓето зборуваат секакви работи за мене и мојот сопруг, не можам ни да замислам како би реагирала ако така моето бебе го „земат во уста“ – објаснила таа.
Џастин, пак, доста брзо по нивната венчавка им кажал на сите колку би сакал да основа „свое мало племе“, но додаде и дека „се е до Хејли, бидејќи таа ќе биде мајка, ќе ја помине бременоста и нејзиното тело ќе се промени“.
Сега на социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како Џастин и Хејли разговараат, а врз основа на кое се заклучува дека инфлуенсерката е во блажена состојба.
– Мислам, знам дека си бремена, но… – по што Џастин сфаќа дека папараците ги снимаат, па им го врти грбот и ја покри сопругата од објективот.
Некое време подоцна, на истото видео, младата убавица може да се види со значително поголем стомак, поради што „прашање на денови е кога ќе треба да скратат и да ја кажат вистината“, забележува локалниот печат.