На тринаесетти февруари 1978 година, за време на летот Б-707 од Југославија за Австралија, во авионот се породила Марија Тодева од Република Македонија.
Тоа беше еден од првите вакви случаи во историјата на воздушниот транспорт.
Марија имаше само 18 години. Во осмиот месец од бременоста се качила во авион кој летал од Белград за далечниот Сиднеј. Таму ја чекал сопругот Стојан, кој неколку месеци претходно допатувал во Австралија во потрага по подобар живот. Два часа пред слетувањето започна породувањето.
Стјуардесата и стјуардот ја однеле понастрана од патниците, и и’ помогнале да роди здраво машко дете.
Папочната врвца му била исечена со ножици и дезинфицирана со виски. Така авионот кој полета со 106 патници пристигна во Сиднеј со еден патник повеќе.
Вестта за „бебето во авион“ веќе следниот ден се појави во сите југословенски и меѓународни весници.
Кумот на бебето бил пилот на летот и сведок на овој извонреден настан.
Го нарекоа Јатко во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот чие родно место е регистрирано во авионот IU-AGI.
Јатко доби и доживотно право да лета со ЈАТ бесплатно, до која било дестинација во светот.
Верувале или не, но медиумите објавија дека тој никогаш не го користел овој подарок во последните четири децении.