Новата сезона на реалити серијата „Соја Џорџина“ донесе увид во животот на Џорџина Родригез со Кристијано Роналдо по преселбата во Саудиска Арабија, а една сцена особено ги освои социјалните мрежи.
Имено, во споменатата сцена, која беше споделена и на официјалните профили на Нетфликс на социјалните мрежи, малата Алана, ќерка на Џорџина и Кристијан, е прашана што сака да биде кога ќе порасне.
„Ништо, ништо“, одговорила Алана, „Ќе бидам дома мирна“.
Одговорот го насмеа Кристијан, но и корисниците на социјалните мрежи кои се најдоа во нејзиниот симпатичен одговор тврдејќи: „Сите сме Алана“.
“Но, што да правам? Не знам што ќе правам”, многу сериозно додала седумгодишното девојче.
„Мислам дека можеш да бидеш актерка“, ѝ предложил Кристијано, што не и се допаднало, а потоа додала дека би можела да биде продуцент на Нетфликс – таа одговорила дека може да го прифати тој предлог.
Девојчето ги украде симпатиите на гледачите на серијата, а самата Георгина во една од епизодите раскажа за неа: „Во последно време носи перики, сака да се шминка и сака да се дотерува. Многу е вообразена, а вие види, тешко е да се биде пофлертувачки од мене, но мислам дека ќе биде“.
Инаку, „Соја Џорџина“ е реалити телевизиска серија која се фокусира на животот на Џорџина Родригез. Премиерата на серијата беше на 27 јануари 2022 година на Нетфликс. Досега се објавени три сезони.