Високата мода отиде предалеку, многумина мислат дека изгубила секакво значење, но овие чизми се само уште една во низата бизарни работи што ги нуди светот на модата.
Познато е дека претежно брендовите од високата мода со години промовираат перформанси, а не нешто што може да се носи, но последниот крик оваа година изгледа е „radboot“ или – чизми со стаорци.
Имено, овие чизми се состојат од дел од ѓонот кој е изграден како кафез, а во него има реплика на стаорец. Познато е дека Њујорк е град во кој има многу од овие животни и затоа чизмите добија посебно име.
Уникатните обувки дебитираа на ревијата на брендот „The Blonds“ во саботата на 10 февруари.
Црните кожени чизми до колена имаат кафез на секој ѓон со стаорец внатре.
Дизајнерите на „Uncommon Creative Studio“ својот таканаречен „RATBOOT“ го нарекоа „неофицијална чизма на Њујорк“.
Љубителката на моделот и стаорци Џени Асаф гордо го носеше овој специјален пар, во чест на сите нешта класични, сурови и реални во Њујорк.
– Едноставно сум шокирана од ова. Никогаш не би носела нешто со вградени стаорци на дното – напишала една девојка во коментарите под видеото.
– Така е – новоотворено студио во Њујорк, создаде специјален пар црни кожени чизми до колена во кои на платформата на чизмите се ставени два стаорци – соопштија од студиото.
– Ниту еден стаорец не е повреден при изработката на оваа чизма – додале на крајот.