Сите ја обожаваа како Марија во „Жикина династија“, а судбината сурово си поигра со неа: Почина на сред улица, а овој детаљ потресе многумина (фото)

Риалда Кадриќ Шебек, најпозната како Марија од „Жикина династија“ , односно серијата „Луди години“, ненадејно почина на 57-годишна возраст во Атина, на 25 јануари 2021 година. Улогата во оваа серија ја прослави и стана миленичка на Југославија. Веста за нејзината смрт шокираше многумина.

Таа го напушти Белград во 1986 година и не се врати во родниот град речиси три децении. Многумина беа заинтересирани за тоа што се случувало во нејзиниот живот сите тие години. Сепак, беше откриено дека Риалда претрпе голема загуба. 

„Бев во Лондон за да ги подобрам моите јазични вештини. На 16 јануари 1991 година, кога започна војната во Заливот, мајка ми ненадејно почина на улица во Белград. Седев во стан во Лондон, гледав вести, слушав за почетокот на војната, кога ме фати таа вест Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома, и бидејќи таа повеќе не беше таму, а војната се ширеше низ целата земја, решив да се вратам во Лондон и таму да започнам нов живот – изјави тогаш Риалда.

Години подоцна, актерката почина на ист начин како и нејзината сакана мајка. Риалда Кадриќ почина во кобниот јануари 2021 година на ист начин – од срцев удар, на улица во Атина.

Риалда ја напушти тогашната Југославија и се пресели во Лондон, каде што живееше со години. Таму се вработила и се омажила, а поради таа љубов била подготвена да остави сè, засекогаш да ја напушти Србија и да се откаже од актерската кариера.

Во Велика Британија најпрвин работела како новинар и репортер, а потоа специјализирала психоанализа. Таа се занимава со овој бизнис од средината на 2000-тите.