Сити го претстави новото засилување, Гвардиола ќе има повеќе опции до крајот на сезоната

Манчестер Сити конечно го претстави аргентинското чудо, Клаудио Ечевери, кој во јануари и февруари играше на Јужноамериканскиот шампионат до 20 години.

Помина повеќе од една година откако потпиша договор со „граѓаните“ и ја направи првата фотографија со дресот, но сега за првпат стапна на стадионот каде што имаат големи очекувања од него.

Неговата едногодишна позајмица од Ривер Плата заврши и Пеп Гвардиола доби уште една офанзивна опција за остатокот од сезоната.

ЛИНК

Ечевери дебитираше за Ривер Плата под водство на Мартин Демикелис и го носеше дресот на првиот тим две години, а во јануари минатата година Сити го купи за 18,5 милиони евра и потпиша договор со него до летото 2028 година.

Сега стапна на „Етихад“ и го облече дресот со број 30.

“Не можам да опишам колку сум возбуден што сум овде во Манчестер и што конечно можам да кажам дека сум играч на Манчестер Сити. Фудбалот е мојот живот, а мојот сон е да играм за еден од најдобрите тимови во Европа. Денес сум поблиску до тој сон”, изјави Ечевери и додаде:

“Манчестер Сити е еден од најдобрите тимови во светот. Не само што освојуваат трофеи, туку играат толку убаво. Тие се пример за сите, покажувајќи им на луѓето како да играат фудбал на најдобар начин”.