Неодамнешните истражувања покажуваат дека повеќе од 90 отсто од жените кои се обидуваат да забременат имаат недостаток на основните хранливи материи потребни за здрава бременост, што веројатно ќе се влоши како што вегетаријанската исхрана станува се попопуларна.
Тестовите во Велика Британија, Сингапур и Нов Зеланд на повеќе од 1.700 жени кои планирале да забременат, покажале дека на повеќето им недостигаат хранливи материи, пронајдени во изобилство во месото и млечните производи, од кои многу се клучни за здрав развој на фетусот.
„Едноставниот одговор за сите е дека освен ако не користите навистина висококвалитетна диета, можеби ќе треба да размислите за земање додатоци“, нагласи професор.
Жените на возраст од 18 до 38 години беа регрутирани за Nipper Study, меѓународно испитување кое истражува дали комбинациите на хранливи материи и додатоци пред и за време на бременоста можат да го подобрат здравјето на мајките и нивните бебиња.
Гардијан известува дека пред зачнувањето, девет од 10 жени имале маргинални или ниски нивоа на фолати, рибофлавин, витамин Б12 или витамин Д, додека многу од нив покажале знаци на недостаток на витамин Б6 доцна во бременоста. Како што се очекуваше, суплементите ги подобрија нивоата на витамини кај тие жени, иако не секогаш на доволно нивоа.