Министерот за одбрана на Иран, бригадниот генерал Мохамед Реза Аштиани, им се закани на САД со „сериозен удар“ доколку Вашингтон не ја прекине војната во Појасот Газа, пренесуваат странските медиуми.
„Наш совет до Американците е веднаш да ја прекинат војната меѓу Израел и Палестина и да обезбедат прекин на огнот, во спротивно САД ќе добијат сериозен удар“, порача Мохамед Реза Аштиани.
На 1. ноември , иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан ги повика САД да преземат одговорност за поддршката на израелските злосторства во Појасот Газа и на Западниот Брег.
Според него, ако геноцидот врз палестинскиот народ и воените злосторства врз цивилите не престанат, регионот ќе биде блиску до донесување одлучувачка одлука, без да прецизира што точно мисли.
Нова рунда конфликти на Блискиот Исток започна откако Израел беше подложен на невиден ракетен напад од Појасот Газа утрото на 7. октомври.
По масовното гранатирање, борците на Хамас влегоа во пограничните области на југот на еврејската држава.
Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата во Појасот Газа.
Неколку дена по нападот, Тел Авив ја презеде контролата врз сите населени области во близина на границата и почна да изведува воздушни напади врз цели во енклавата.
Израелската Армија потоа влезе во Појасот Газа, а во моментов се водат тешки борби меѓу Хамас и Армијата на еврејската држава.