Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на неговата дводневна посета на Република Српска (РС), пред медиумите ги коментираше и западните санкции кои неодамна дојдоа „на сметка“ на неколку членови на раководството на РС.
„Тоа се многу сериозни притисоци, санкциите се многу сериозен проблем. Тие беа изведени и против првиот човек на БИА. Некои од снкциите претходно беа укинати – против водачите на Србите од северот на Косово, кога требаше да бидат криминализирани и кога Албин Курти требаше да го отвори патот за сите антисрпски акции на северот на Косово“, вели Александар Вучиќ и продолжува: „Потоа тоа беше направено со претседателот Милорад Додик, потоа со Александар Вулин, потоа со сите други раководни и државни функционери на Република Српска. Тоа не престанува преку ноќ. Тоа се сега големи економски притисоци и големи финансиски притисоци. Народот чека да добие се што му припаѓа и не го интересира какви и колкави се притисоците. Да бидеме целосно фер и отворени. Луѓето одат на одмор и кога се враќаат си ја бараат платата – не прашува под кои услови го правиш тоа, под кои услови наоѓаш решенија. Мора да најдеме решенија и да видиме како и што ќе правиме“.
„Секако дека не е лесно и едноставно. Но, што друго имаме – да се откажеме од Србија, Република Српска ? Кое е значењето ? Мислам дека нема алтернатива. Се обидов милион пати да најдам неколку можни потези во се. Но, понекогаш во шахот, особено со ограничен број фигури и нема многу комбинации, нема алтернативи, мора да се направи нешто што е под принуда – ги правите потезите што треба, а не сте виновни за ситуација во која се наоѓате. Мора да се борите за народот. Важно е луѓето да знаат дека ситуацијата е тешка. Ништо не е лесно, но немаме право да плачеме. И тоа не смееме да го правиме и мора да се бориме – толку“, нагласил претседателот на соседна Србија.