Крајно време е членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на Бледскиот стратешки форум.
Сијарто смета дека ЕУ не може да биде цела, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан.
„За жал има многу лицемерие во ЕУ кога станува збор за проширувањето, бидејќи повеќето од членките јавно зборуваат за тоа колку го поддржуваат приемот на нови земји, но на состаноците изнесуваат аргументи против тоа. Затоа е време членките на ЕУ да бидат јасни и да му дадат поддршка на Западен Балкан на патот кон европската интеграција“, рече Сијарто.