Си го закопал татка си во својата соба! Коските биле под бетонската плоча! Соседите: Не сме го виделе од 2016 година (ФОТО)

Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Белград во соработка со полицијата изврши увид на лице место во Земун, каде според пријавата на Д.Д., го погребал својот мртов татко, чија смрт не ја пријавил, пред осум години потврдија од обвинителството за српскиот портал Курир.рс

Останките се ексхумирани на лице место и наредена е обдукција со токсикологија.

Се сомнева дека Д.Д. избегнал да ја пријави смртта на татко му за да продолжи да ја прима пензијата.

Како што неофицијално дознаваме, Д.Д го закопал својот татко под бетонска плоча во една соба од куќата.

– Под плочата, во земја покриена со бетонска плоча, пронајдени се човечки коски – вели извор од истрагата и додава дека пожарникарите морале да го скршат бетонот за да дојдат до остатоците.

– Вратата од куќата по увидот е запечатена, а на неа има известување од полицијата. Внатре се гледаат шут и скршеница по кршење на бетонот – вели изворот.

Овде беше погребано телото:

Инаку, според кажувањата на соседите, таткото на Д.Д., живеел во куќата во која денеска истражувале дежурниот обвинител и полицијата.

– Не сме го виделе од октомври 2016 година. Дотогаш за него се грижеше неговиот син, а што се случи не знаеме. Денеска се шокиравме кога ја видовме полицијата и кога дознавме за што всушност дошле – изјави еден од нив.