Си-Ен-Ен: Катар посредува меѓу Хамас и Израел за размена на жени и млади од двете страни

 Катар посредува меѓу Израел и Хамас за размена на жени и деца заложници држени во Газа во замена за палестински „жени и тинејџери затворени во израелски затвори“, изјавил дипломатски извор запознаен со дискусиите за дописничката на Си-Ен-Ен од Тел Авив.

Се верува дека до 150 заложници се држат во Газа, изјави израелски официјален претставник.