– Си-Ен-Ен ексклузивно објави аудио-снимка од 2021 година во која поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Њу Џерси разговара за чувањето тајни документи што не се декласифицирани.
Аудио-снимката, првпат беше емитувана на Си-Ен-Ен, содржи нови детали од разговор, што е исто така клучен доказ во обвинението на специјалниот советник Џек Смит против Трамп, кој е обвинет за лошо ракување со доверливи информации.
Како што се наведува, снимката го вклучува и моментот кога Трамп укажува дека држи таен документ на Пентагон со планови за напад на Иран.
„Ова се документи“, вели Трамп.
Исто така, може да се слушне како Трамп се шегува со своите соработници за мејловите на Хилари Клинтон.
„Хилари постојано би ги печатела, знаете. Нејзините приватни мејлови“, рекол помошник на Трамп.
Изјавите на Трамп во снимката, во кои се вели дека „ова се документи“ и се однесува на нешто што треба да биде „многу доверливо“, може да ги поткопа неговите тврдења во интервјуто за Фокс њуз, каде што тој рече дека нема никакви документи со себе.
„Немаше документ. Тоа беше огромно количество документи и се друго што зборуваше за Иран и други работи. Можеби беа задржани, но не беа документи. Не можеше да се декласифицира. Тоа беа стории од весници, списанија, бројни написи“, рече Трамп.
Според аудио снимката која беше објавена, Трамп зборувал и за Иран.
„Само размислував, бидејќи разговаравме за тоа. И знаете, тие сакаа да го нападнат Иран. Тоа се документи. Тоа го направи војската и ми го даде мене. Како претседател, можев да го декласифицирам. Сега можам, но знаете, ова е се уште тајна“, нагласува Трамп.