Премиерот на Косово, Албин Курти, уште еднаш повтори дека нападот во Бањска, на северот на Косово, бил оркестриран од Белград, поради што бара посилен одговор од меѓународната заедница кон Србија, објавија косовските медиуми.
Како што пишува Koha, Албин Курти во интервју за Sky News уште еднаш ја покажал нервозата поради нереакција кон Србија, која, како што тврди, извршила „терористички напад“ на 24. септември.
„Србија тоа го негираат, бидејќи си играат со примерот на Владимир Путин во Донбас. Мажи облечени во зелено во северниот дел на Косово. Не малку, туку група луѓе кои сакаа да започнат војна и да го поделат Косово“, порачал Албин Курти во интервјуто.