Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател

Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на Република Северна Македонија, пренесува кинеската новинска агенџција Ксинхуа.

Кина и Северна Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки за двата народа.

Истакнувајќи дека високо го цени развојот на билатералните односи, Си Џинпинг истакнува дека е „подготвен да работи со својата колешка од Северна Македонија за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија да се подигнат на ново повисоко ниво“.