Кина е подготвена да соработува со Јужна Кореја за развивање стратешко партнерство во согласност со актуелниот момент, истакна денес кинескиот претседател Си Џинпинг.
Претседателот Си Џинпинг се сретна со јужнокорејскиот премиер Хан Дук-Су во источниот кинески град Хангжу пред отворањето на Азиските Игри.
Си Џинпинг, исто така, вели дека сериозно ќе го разгледа прашањето за посета на Јужна Кореја, објави јужнокорејска медиумската агенција.