Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска слета на меѓународниот аеродром Внуково, со што ја започна тридневната посета на рускиот претседател Владимир Путин.
Во моментот на пристигнувањето на Си Џинпинг, на московскиот аеродром ,,Внуково” имало возило кое било подготвено да го пречека кинескиот претседател.
Имено, станува збор за луксузен кинески автомобил наречен „Hunci“, кој е производ на кинескиот концерн FAV и е претседателски модел на автомобил.
Првиот автомобил „Hunci“ е произведен во 1959 година, што го прави најстариот кинески бренд за патнички автомобили.
Зборот „Hunci“ на кинески значи „Црвено знаме“.
Најпознати модели се E-HS9 и три седани H5, H7 и H9, како и Q – автомобил од типот SUV.
Серијата L се автомобили од репрезентативна класа, кои се направени по индивидуални нарачки и се користат за големи светски настани.
Овој автомобил е аналог на рускиот претседателски автомобил „Аurus”.
Последната етапа од летот на Boing 747-89Ј „Air China“ со кој Си Џинпинг пристигна во Москва, преку апликацијата Flight Radar ја следеа повеќе од 89.000 луѓе.
Ова е јасен показател дека интересот за посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва ги надминува сите очекувања.
Очите на целиот свет се вперени кон кинескиот лидер, а неговата посета започнува во моментот кога Меѓународниот кривичен суд во Хаг го обвини рускиот претседател Владимир Путин за киднапирање и исчезнување на 17.000 украински деца. Затоа е и распишана потерница за негово апсење.