Рускиот претседател Владимир Путин вчера се обрати пред парламентот на земјата по повод годишнината од почетокот на инвазијата на Украина. Неговата презентација привлече големо внимание и кај руската и кај светската јавност.
На обраќањето присуствуваше врвот на политичкиот и јавниот живот на Русија, а камерите ги снимија лицата на луѓето на Путин додека тој го држеше говорот.
Медиумите најмногу внимание обрнаа на изразот на лицето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров а според корисниците на социјалните мрежи изгледал како повеќе да не му останало ни трошка живот во него.
Видно разочаран, но и нервозен беше и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Зад Медведев седеше намуртениот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Ниту останатите не реагираа подобро на овој „историски говор“, за што сведочат фотографиите.