Скандалозна изјава на инфлуенсерканкој ги омаловажи луѓето со ментални и физички нарушувања и проблеми за време на интервју, се појави на Тикток.
Имено, според неа, ваквите лица не треба јавно да се експонираат за да не се исмеваат со нив.
Таа смета дека е подобро да се „повлечат“ и „да си ги чуваат проблемите за себе“.
„Луѓето со некои телесни маани кои се навистина критични не треба да бидат дел од TikTok бидејќи на крајот на денот немаат никакво влијание. Тие се само предмет на потсмев. Ако имаш што да покажеш, ако имаш што да кажеш, во ред е да се претставиш во таа смисла. Ако имаш физички недостаток, ментален недостаток, во ред е да се претставиш во и едноставно да побараш помош некој да ти помага Но, на место како што е ТикТок каде луѓето ќе те навредуваат, каде што луѓето ќе ти се смеат, каде што луѓето не се свесни за твојата состојба, знаеш, не е добро да се разоткриваш по секоја цена“.