Скандал во Белград: Девојка изведе воена песна пред мечот Ѕвезда – Алба (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена звезда загубија на домашен терен од берлинска Алба (72:87) во Евролигата, но ден по изненадувачкиот пораз сè повеќе се зборува за скандалот кој ги згрози сите.

Непосредно пред почетокот на натпреварот, девојка во народна носија излезе на подот и пееше воена песна во чест на Вељко Раденовиќ, командантот на специјалните единици на српската полиција за време на војната во Косово.

Целата сала стана и ја пееше песната во еден глас. Еден дел од српската јавност остро го осуди ваквиот репертоар пред меѓународниот натпревар, но дали на ова ќе реагира Евролигата ќе видиме.

Еве го текстот од песната:

„Имаш големо име, од јунакот Хајдук Вељко, тој се бореше против турската чета, а ти против арнаутската банда…“