Скандал во БиХ: Уапсени министерката и нејзиниот помошник

Министерката за наука, високо образование и млади на КС, Адна Месиховиќ и нејзината помошничка Џенита Витешкиќ се осомничени за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Тие се уапсени во рамките на акцијата со кодно име „Плик“, по наредба на в.д. обвинител на Обвинителството на кантонот Сараево.

Месиховиќ и Витешкиќ се осомничени за нелегални вработувања во Министерството, пренесува Кликс . Рано утрово извршен е претрес во становите на осомничените и во канцелариите на Министерството за наука, високо образование и млади на КС. Пронајдени се документација и други предмети кои можат да се користат во понатамошна кривична постапка.

Како што е наведено, акцијата, меѓу другото, е резултат на протокол потпишан во гонење на коруптивни кривични дела од страна на Обвинителството на КС со Антикорупциска КС и Полициското одделение на МУП на КС.

Помош даде и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина. Во спротивно, осомничените по кривична постапка во МУП на КС ќе бидат предадени во натамошна надлежност на Обвинителството на КС.