Скандал во бугарската игра на среќа Тото, заталкало топче со погрешен број

Во извлекувањето на бугарската лотарија Тото 5 од 35 што се одржала на 23 март, од барабанот е извлечен бројот 41! Извлекувањето веднаш е повторено во живо.

Првично била извлечена комбинацијата 31, 35, 29, 28 и 41 со дополнителните броеви 3 и 1, која била прогласена за неважечка. Се слуша како водителот ги чита извлечените броеви и кога ќе стигне до бројот 41, застанува, сфаќајќи дека нешто не е во ред.

Наместо оваа, официјално правилната комбинација по повтореното извлекување била 2, 8, 14, 22, 29, со дополнителните броеви 1 и 1.

Организаторите ги информирале гледачите за рестартирање на барабанот со образложение дека имало техничка грешка. Според официјалното соопштение на БС (Бугарска спортска лотарија), проблемот настанал со „вчитување на различен сет на топки во барабанот за време на втората шанса – 5 од 35 во 24. коло“.

Организаторите се повикале на член 23 од Тото 5 од 35 правила за игра и член 30 од Правилата за онлајн организација на таа игра. Врз основа на тие правила, неопходно било да се повтори извлекувањето на добитната комбинација како дел од преносот во живо.

„Ова постои само на Балканот“, „Победи Чак Норис“, „Папата се уште не го прогласил ова за чудо“, пишуваат гледачите во коментарите, објави српски Телеграф.